Линкови за пристапност

Ставот на американскиот претседател Џорџ Буш во однос на евентуалната воена акција против Ирак: Ослободување, а не освојување - 2003-02-20


Најсериозна опасност сега се непријателските режими кои бараат или поседуваат нуклеарно, хемиско или биолошко оружје. Овие режими може да употребат вакво оружје за уцена, терор или масовно убиство. Тие исто така можат да им го дадат или да им го продадат ова оружје на нивните терористички сојузници.

Тиранијата на Садам Хусеин во Ирак е ваков режим. Пред 12 години, тој се согласи да се разоружа под услов да биде запрена војната во Персискиот Залив. Пред три месеци, Советот за безбедност на ОН му даде последна шанса. Но како што кажа господинот Буш, “Садам Хусеин не се разоружува, тој лаже“.

На 5-ти февруари во ОН, американскиот државен секретар Колин Пауел ги изложи фактите. Садам Хусеин има програми за хемиско оружје, како и средства да го употреби. Тој тајно се обидува да набави материјални потребни за производство на нуклеарно оружје. Садам Хусеин ги помага и ги заштитува терористите, вклучувајќи и припадници на ал-Каида.

“Воената сила секогаш е последна опција на Америка“, вели претседателот Буш. “Доколку стане неопходно да се употреби сила за разоружување на Ирак и за да се спроведе волјата на ОН, доколку употребата на сила стане неопходна за обезбедување на САД и да се зачува мирот, Америка ќе дејствува смислено и одлучно.“

Претседателот Буш истакна дека Америка “ќе дејствува со пријателите и сојузниците. Многу држави понудија да обезбедат трупи или друга помош за разоружување на ирачкиот режим.“ Господинот Буш исто така изрази оптимизам дека “Советот за безбедност на ОН ќе ја исполни својата одговорност и овој пат ќе обезбедат спроведување на она што Садам Хусеин мора да го стори“.

“Ако има конфликт“, кажа господинот Буш, “Американските сили ќе дејствуваат според највисоките морални традиции на САД. Нашата армија ќе се бори против угнетувачите во Ирак, не против народот на Ирак.“ САД веќе прават планови и создаваат резерви така што храна и друга хуманитарна помош брзо ќе пристигне до ирачкиот народ“. “Американската армија, вели претседателот Буш, се бори не за да освојува, туку за да ослободува“.

XS
SM
MD
LG