Линкови за пристапност

Поддршката од американската јавност за воена акција против Ирак се зголемува - 2003-02-20


Милиони луѓе излегоа на улиците во стотици градови низ светот во текот на минатиот викенд, за да го искажат своето противење на евентуална војна против Ирак предводена од САД. Во САД, се одржаа протести “за“ и против воена акција, иако анти-воените протести беа помасовни и погласни.

Истражувачот Џон Зогби вели дека последната анкета што ја спровела неговата група покажала зголемување на поддршката на американската јавност за воена акција против Ирак на 58 проценти. Наспроти нив, 37 проценти се против војна. За нив тој вели:

„Поинтензивна е поддршката кај оние кои се спротивставуваат на војна, и тоа е важно во светот, затоа што луѓето кои силно застапуваат нешто прават се да се чуе нивниот глас, и генерално се многу поактивни во формирањето на јавното мислење отколку простото мнозинство“.

Меѓу групите кои цврсто ги застапуваат ставовите на мнозинството, е Американската Легија, најголемата оганизација на воени ветерани во светот. Стив Томас од оваа организација истакнува дека Американската Легија не повикува на војна, но смета дека националната безбедност треба да биде приоритет.

„Најважната работа што може да ја направи една Влада е да го чува својот народ безбеден. Не може да се дава предност на работи како образованието, урбанизирањето и проблеми од таков вид, без претходно да не се осигураме дека нашиот народ е безбеден“вели г-динот Томас.

Главниот координатор на неодамнешните анти-воени протести во САД е групата наречена “Одговор“, која ги отфрла критиките дека е огранок на Социјалистичката партија на работниците во светот.

Но опозицијата е поширока од тоа и вклучува црковни групи, студенти, воени ветерани и локални власти.

„Само обидете се да замислите групи на многу постари луѓе во приградските цркви, кои прават копии и ги дистрибуиртаат откако ќе заврши службата во недела.

Досега 90 градови, гратчиња, области и две федерални држави објавија резолуции против војна со Ирак.

“Ветерани за здрав разум“ беше основана во август 2002 година, од ветераните во Заливската војна, за да внесе здрав разум во расправата во врска со Ирак“.

Претседателот Буш во неодамнешната реакција на анти-воените протести, кажа дека го поздравува јавното изразување на спротивен став, но дека тоа нема да го промени неговиот.

„Пред се, димензијата на протестот е како да се каже имам намера да одлучувам за политиката врз основа на фокусна група“, рече претседателот Буш.

Ваквите коментари, меѓутоа, не ја обесхрабруваат опозицијата. Том Ендрјус од “Победа без војна“, што е национална коалиција која претставува над 30 организации, вели дека неговата група се надева дека се уште може да ја поколеба политиката на Владата. Тој рече дека масовните протести минатата есен влијаеле на американската одлука да се оди во Советот за безбедност на ОН и да се изврши притисок за резолуцијата 14-41.

„Владата на Буш го стори тоа затоа што луѓето беа мобилизирани и организирани и почнаа да го изразуваат своето противење. И можеби нема да го видат веднаш ефектот, но почнуваме да ја чувствуваме политичката жестина“, смета г-динот Ендрјус.

Тој вели дека тврдиот став на претседателот Буш предизвикал организацијата “Победа без војна“ уште повеќе да се загрее.

XS
SM
MD
LG