Линкови за пристапност

Средба Буш-Робертсон - 2003-02-20


Пред почетокот на состанокот, невообичаено за досегашната практика на претседателот Буш, пред насобраните новинари и камери тој му оддаде признание на НАТО.

„Денеска, оваа Алијанса и обезбедува опрема на Турција за да го заштити нашиот турски сојузник од потенцијален напад од Ирак“, рече тој.

На ова, генералниот секретар Робертсон одговори со насмевка, осврнувајќи се на напорите на членките на НАТО, Франција, Германија и Белгија да ја блокираат помошта за Турција, единствената членка на Алијансата која се граничи со Ирак.

„Ова ме потсетува на Винстон Черчил, на неговата славна изјава за САД: „Секогаш може да се смета на САД, дека ќе го направат вистинскиот потег откако ќе бидат исцрпени сите други алтернативи", кажа г-дниот Робертсон.

САД не бараат од НАТО официјално да се вклучи во каква и да е евентуална воена акција против Ирак. Но, администрацијата беше јасна дека ќе побара помош поединечно од некои членки, и изврши притисок врз Алијансата да и помогне на Турција.

XS
SM
MD
LG