Линкови за пристапност

Гепарт: Се кандидирам за претседател на САД, бидејќи сум уморен од актуелното раководство - 2003-02-20


Конгресменот Гепарт се врати во своето старо основно училиште во Сент Луис за пред симпатизерите да го објави она што тие со месеци го очекуваа.

„Се кандидирам за претседател затоа што сум уморен од раководство кое не остави изолирани во светот и растргнати дома. Се кандидирам за претседател зашто ни треба економски план кој ќе биде добар за сите со вистинско отворање работни места, развој на вистински професионални способности и вистинска помош за семејствата кои многу работат“, изјави тој

Конгресменот Гепарт вели дека доколку е избран тој ќе го промени планот на претседателот Буш за намалување на даноците и ќе се насочи на отворање нови работни места и на проширување на здравствената заштита за помалку имотните Американци.

Демократот од Мисури генерално ја поддржува администрација на претседателот Буш во однос на приодот за разоружување на Ирак. Но конгресменот Гепарт вели дека претседателот Буш непотребно ги оддалечил од себе американските сојузници со заканата дека ќе преземе унилатерална воена акција против Садам Хусеин.

„За сета наша воена моќ, има премногу закани по безбедноста, премногу глобални предизвици за Американците да одам сами. Нам ни треба соработка и пријателство од долгогодишните сојузници. Ние мора да го водиме светот наместо да покажуваме агресивност“, рече г-динот Гепарт.

И двајца други демократи преземаат чекори за приклучување на трката за претседател оваа недела. Конгресменот од Охајо Денис Кусинич, еден од најжестоките противници на војна во Ирак, формира комисија за испитување на теренот за својата кампања. Поранешниот сенатор од Илиноис,Керол Мосли Браун, првата Американка од африканско потекло која е избрана во американскиот Сенат, исто така, напредува во таа насока.

Осум демократи до сега или официјално објавија или тоа ќе го објават наскоро.

XS
SM
MD
LG