Господинот Пауел вели дека видел транскрипт од нова снимка за која се вели дека е од Осама бин Ладен и која наскоро ќе биде емитувана на телевизиската мрежа ал-Џезира во која зборува за солидарност со борбата на ирачкиот народ и вели дека е во партнерство со ирак. На сослушувањето во Комисијата за буџет на Сенатот, господинот Пауел кажа дека снимката ја нагласува потребата за справување со ирачкото оружје за масовно уништување.
„Само прашање на време е пред да коинцидираат интересите на ирачкиот режим со организациите како што е ал-Каида, што ќе ги зголеми шансите овој вид оружје да падне во нивни раце. И тоа е спојот кој особено по 11 септември не уверува уште повеќе дека е време да се справиме со овој режим еднаш за секогаш“, рече г-динот Пауел.
Господинот Пауел кажа дека врската меѓу терористите и државите кои развиваат оружје за масовно уништување не може да се занемарува или игнорира по нападите врз САД од 2001 година.