Линкови за пристапност

Објавени номинациите за наградата Оскар - 2003-02-11


"Чикаго", музичката приказна за сите жени-убијци во ерата на џезот во 20-тите години од минатиот век, заработи 13 номинации, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм.

Ѕвездата на „Чикаго“ Рене Зелвегер е номинирана за најдобра актерка, а ко актерите Квин Латифа, Кетрин Зита Џонс и Џон Си Рајли се натпреваруваат за наградата за најдобра споредна улога.

"Gangs of New York"- „Бандите на Њујорк“, или приказната за анти-имигрантските судири во 19 век е со 10 номинации, меѓу кои за најдобра машка улога за Даниел Деј Луис, кој во филмот ја толкува ролјата на криминалниот шеф Бил Касапот:

That is the building of America right there, Mr. Cutting. Americans are borning. I do not see no Americans. I see trespassers.

"Бандите на Њујорк " исто така е номиниран и за најдобар филм.

Во конкуренција е и филмот "The Hours," или „Часови“, драмата за трите жени од различни ери кои се соочуваат со исти премрежја. "Часови" е во конкуренција со девет номинации, меѓу кои за најдобра женска улога за Никол Кидман и за најдобра машка споредна улога за Ед Харис кој го игра писателот што боледува од СИДА. Џулијан Мур е конкурент за Оскар во категоријата најдобра женска споредна улога:

To look life in the face, to know it for what it is, to love it for what it is: 'tis the right of every human being.

За најпрестижната награда Оскар за најдобар филм годинава се номинирани уште фантастичниот филм "The Lord of the Rings: The Two Towers" или „Господар на прстените: Двете кули“ и приказната за холокаустот под наслов "Пијанист".

Претседателот на Академијата за филмски уметности и науки Френк Пирсон ги објави номинациите во категоријата најдобар режисер:Роб Маршал за „Чикаго“, Мартин Скорсезе за "Бандите на Њујорк“, Стефан Далдри за "Часови", Роман Полански за "Пијанист" и Педро Алмодовар за "Разговарај со неа".

Со номинацијата за најдобра споредна женска улога во холивудската приказна "Adaptation", или „Адаптација“, Мерил Стрип е најноминираниот актер до сега во историјата на оваа награда-дури 13 пати.

Џек Николсон е номиниран во категоријата најдобра машка улога во "About Schmidt" или „За Шмит“. Ова е 12 номинација на Николсон и тоа за ликот на вдовец во психолошката драма:

When I was a kid, I used to think that maybe I was special, that somehow destiny had tapped me to be a great man, not like Henry Ford or Walt Disney or somebody like that, but somebody, you know, semi-important.

Номиниран во оваа категорија е и Мајкл Кејн, за улогата на британски новинар во филмот "The Quiet American", чие дејство се случува во Виетнам во 50-години од минатиот век. Останатите номинации за најдобри актери ги понесоа Адријан Броди за филмот "The Pianist" и Николас Кејџ за "Adaptation."

Добитниците на Оскар ќе бидат избрани од страна на 5.600 членови на Академината за филмски уметности и науки, меѓу кои има врвни изведувачи, режисери, писатели и уметници во Холивуд.

Наградите ќе бидат доделени на 23 март во Лос Анѓелес, на церемонијата што ќе ја пренесуваат телевизиските станици низ целиот свет.

XS
SM
MD
LG