Линкови за пристапност

НАСА ги анализира фотографиите од шатлот Колумбија непосредно пред неговото распаѓање - 2003-02-07


Претставникот на НАСА Мајк Костелник на новинарите во Вашингтон им кажа дека истрагата се концентрира на фотографии на американските воздухопловни сили кои се направени од земја во време на почетокот на распаѓањето на Колумбија.

„Од сликите некои се мошне јасни, додека други не се. Но сите се анализираат во моментов додека зборуваме“, рече тој.

Списанијата за Авијација и Вселенска Технологија известуваат дека фотографиите покажуваат дека оштетувањето се покажува како нагризан раб по должина на левото крило на Колумбија.

Господинот Костелник вели дека сега е до независното тело кое ја води истрагата за Колумбија да утврди што всушност покажуваат фотографиите.

Тој исто така вели дека потрагата во Тексас пронашла парче од едно од крилата на Колумбија. Господинот Костелник вели дека не е јасно дали се работи за левото или десното крило, но дека откритието се смета за многу важно.

XS
SM
MD
LG