Линкови за пристапност

Буш: Се уште постои опција за мирно решавање на проблемот со Северна Кореја - 2003-02-07


Претседателот Буш вели дека се уште се надева оти прашањето за севернокорејската нуклерана програма може да се реши на мирен начин, но дека истовремено ги држи сите опции отворени, како што е и употребата на сила.

Г-динот Буш за ситуацијата денеска по телефон разговараше со својот кинески колега, Џијанг Цемин. Тој кажа дека го потсетил г-динот Цемин на заедничката одговорност за обезбедување услови, Корејскиот Полуостров да биде ослободен од нуклеарно оружје.

„Ќе продолжам да работам дипломатски за да го убедам Ким Јонг Ил дека и натаму ќе биде изолиран доколку продолжи да работи врз нуклеарната програма“,рече г-динот Буш.

Доколку севернокорејското раководство очекува каква и да е помош за својот народ, рече претседателот Буш, тогаш г-динот Ил мора да ги почитува светските барања да не произведува нуклеарно оружје.

Северна Кореа вели дека заинтересираноста на претседателот за дипломатија е димна завеса, која има за цел да го натера Пјонгјанг да ја симне одбраната додека Вашингтон се подготвува за инвазија.

Американските одбранбени претставници велат дека размислуваат за зајанкнување на американските сили во Пацификот како предупредување за Пјонгјанг, но негираат дека имаат какви било планови за напад.

XS
SM
MD
LG