Линкови за пристапност

Зголемен бројот на радио и телевизиските емисии на корејски јазик - 2003-02-07


Во Северна Кореја, како што кажа претседателот Џорџ В. Буш во обраќањето до нацијата на 28-ми февруари, репресивниот режим владее со народот кој живее во страв и изгладнетост. Како дополнение на негирањето на основните права на Севернокорејците, комунистичките раководители во оваа земја, работат на производство на нуклеарно оружје кое може да претставува закана за соседните земји и за луѓето од целиот свет.

Воочи овие тензии, од особена важност е севернокорејскиот народ да може да ги чуе фактите за својата земја и светот. Тоа е и целта на Гласот на Америка и Радио Слободна Азија преку емитување на програма на корејски јазик. За подобро остварување на идејата, Гласот на Америка и Радио Слободна Азија го зголемија времетраењето на емисиите на корејски јазик.

Радио Слободна Азија, со новите услови, ќе емитува програма на корејски јазик четири часа дневно, а Гласот на Америка три часа и тоа на различни фреквенции на кратка бранова должина, за да им се помогне на слушателите да ги избегнат пречките што ги поставува севернокорејската Влада. Поради тоа што само мал број Севернокорејци имаат радио-приемници за кратки бранови, Гласот на Америка ќе ја емитува својата програма и на средна бранова должина.

Гласот на Америка е основана во февруари, 1942 година, додека на корејски почна во август истата година. Во повелбата на Гласот на Америка јасно стои дека оваа куќа мора да служи како постојано веродостоен и авторитативен извор на информации. Гласот на Америка треба да презентира балансирана и разбирлива содржина за важни американски идеали и институции, а политиката на САД да ја презентира на јасен и ефикасен начин.

Радио Слободна Азија е основана во 1994-та година, а програмата на корејски почна во 1997-та. Специјаланата мисија Радио Слободна Азија е да емитува вести и информации за своите слушатели во Азија кои вообичаено немаат пристап до целосно и балансирано известување од страна на медиумите во земјата. Ова е особено важно за Северна Кореја, каде домашните радио, телевизија и печат се целосно под контрола на комунистичката Влада.

Со децении, како што кажа претседателот Буш минатата година, на прославата на 60-годишнината од постоењето на Гласот на Америка: „Американските меѓународни известувачи, на светот му ја кажаа вистината и ја покажаа јачината и определбата на слободата. Со зголемување на времетраењето на овие програми до угнетениот народ во Северна Кореја, Гласот на Америка и Радио Слободна Азија продолжуваат да го исполнуваат она што претседателот Буш го нарече, исклучителна доверба“.

Тоа беше уредничкиот коментар што ги одразува ставовите и политиката на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него,испратете го на адреса: Едиториалс , ВОА Вашингтон ДЦ 2 0 2 3 7 УСА. Можете да реагирате и на адреса: даблју, даблју, даблју точка ИББ точка ГОВ коса црта едиториалс или пак на факс 2 0 2 6 1 9 1 0 4 3

XS
SM
MD
LG