Линкови за пристапност

Штајнер:Статусот на Косово нема да се решава оваа година - 2003-02-07


Администраторот на ОН за Косово, Михаел Штајнер, пред Советот за безбедност кажа дека Косово треба уште многу да стори за да биде воспоставено мултиетничко општество, демократски институции и владеење на правото. Оттаму, рече тој, прерано е да се одредува иднината на покраината.

„Не верувам дека 2003 година е време за конечно решавање на статусот на Косово, но време е за поставување на темелите за политичкиот процес, кој на крајот ќе го одреди статусот“, вели г-динот Штајнер.

Господинот Штајнер ги критикуваше политичарите на етничките Албанци кои вршат притисок за независност на Косово врз основа на тоа дека “стандардите“ за државност биле исполнети. Тој со иста мера го критикуваше и повикот на Белград за предвремена резолуција со која би се барало враќање на покраината на државата Србија-Црна Гора.

Тој вели дека Приштина и Белград треба да започнат отворен дијалог за иднината на Косово, каде што 90 проценти од населението се етнички Албанци, а 10 проценти се Срби. Тој кажа дека политичарите треба да го насочат вниманието на поитни проблеми како намалување на криминалот, етничкото насилство, корупцијата и невработеноста.

„Значи, што сакаат луѓето на Косово? Кои се нивните приоритети? Работа, безбедност и мултиетничност. Тоа се стандардите. Тоа го сака меѓународната заедница, тоа го сакаат луѓето на Косово“, истакна г-динот Штајнер.

Во заедничката изјава, Советот за безбедност ја повтори поддршката за мисијата на ОН на Косово и го повика УНМИК попрво да ја продолжи својата улога во безбедноста и градењето државност, отколку да се ангажира околу идниот статус на покраината.

Господинот Штајнер во неговиот извештај ја поздрави и се поголемата улога на ЕУ, која овој месец воведува своја мисија на Косово и се очекува да спроведе сопствена стратегија за Балканот. [

XS
SM
MD
LG