Линкови за пристапност

Комеморација во Вашингтон за астронаутите од Колумбија - 2003-02-06


Потпретседателот Дик Чејни беше почесен говорник на службата во Националаната катедрала, оддавајќи им почит на седуммината астронаути, кои загинаа во несреќата на шатлот Колумбија. Опкружен со американски и израелски знамиња, потпретседателот Чејни пред насобраните во катедралата кажа дека пред две генерации, со лансирањето на Колумбија, првиот шатл во флотата на НАСА, САД оттпочнаа нова фаза на вселенското истражување. “Америка и светот секогаш ќе го помнат првиот лет на Колумбија од 1981-та година. И ние никогаш нема да ги заборавиме мажите и жените на нивното последно патување: Вили МекКол, Калпана Чавла, Илан Рамон, Мајкл Андерсон, Дејвид Браун, Лорел Кларк и Рик Хасбенд. Нека милозливиот Бог ги прими овие седум души.“ Г-динот Чејни кажа и дека загинатите астронаути биле водени од силната определба да го подобрат животот на Земјата, преку разоткривање на мистериите во вселената. “Нивната 16-дневна мисија долга шест милини миљи беше посветена на истражување. Тие работеа 24-часа, во различни смени, на експерименти од областа на физиката, науката за живиот свет и вселената. Секој голем истражувачки акт, со себе носи голем ризик. Екипажот на Колумбија го прифати тој ризик во интерес на целото човештво“, кажа господинот Чејни. Американскиот потпретседател истакна дека вселенската програма, мора да продолжи. “Тие ни велат дека наследството на Колумбија мора да се одржи и продолжи, за доброто на нашите и вашите деца. Ова е сон на посветените мажи и жени од НАСА, кои безброј пати го постигнале она што се чинеше невозможно и чија сила и умеење ќе не врати во вселената“, кажа господинот Чејни на комеморацијата во вашингтонската катедрала.

XS
SM
MD
LG