Линкови за пристапност

Нови закани од Северна Кореја - 2003-02-06


Северна Кореја предупредува дека секаков американски напад врз нејзините нуклеарни објекти ќе поттикне „целосна војна“. Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап предупредувањето е објавено денеска во коментар на севернокорејските државни медиуми.

Претставник на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја слична изјава даде и за британските новинари кои се во посета на Пјонгјанг, и се вели дека тој сугерирал оти неговата земја би можела да изведе превентивен напад врз американските сили во Јужна Кореја.

Претставници на американската одбрана изјавија дека би можело да се зајакне американското воено присуство на Пацификот, како предупредување до Пјонгјанг да не ги проширува своите програми за нуклеарно оружје. Но, Вашингтон демантира дека планира каков и да е напад врз Северна Кореја.

Пјонгјанг вчера соопшти дека ја рестартирала централата за нуклеарна енергија Јонгбјон, која може да произведува ураниум за вградување во оружје. Централата беше деактивирана со договорот со САД од 1994 година, кој неодамна пропадна.

XS
SM
MD
LG