Линкови за пристапност

Ставот за Ирак во годишното обраќање на претседателот Буш до нацијата - 2003-02-03


Најопасниот отпаднички режим е оној на Садам Хусеин во Ирак. Пред десетина години, Садам Хусеин се согласи да го уништи сето оружје за масовно уништување. „Но, како што инспекциите за оружје на ОН јасно покажаа“, вели претседателот Буш, „диктаторот на Ирак не се разоружува, напротив, тој мами“.

Пред да бидат протерани од Ирак во 1998-та година, инспекторите на ОН дојдоа до докази дека режимот на Садам Хусеин има намера да произведе илјадници литри антракс и отровот ботулинум, што можат да усмртат милиони луѓе. Тие исто така проценија дека Ирак поседува стотици тони сарин, боев отров иперит, хемиски агенси од типот Ве-Икс, како и околу 30.000 парчиња муниција со која сето ова би се пласирало. Инспекторите на ОН во моментов се повторно во Ирак, но режимот на Садам Хусеин не им ги пружи потребните докази дека забранетото оружје е уништено. Дури постојат и информации дека Ирак и натаму вложува напори да произведе нукларно оружје.

„Дотолку повеќе“, истакна претседателот Буш, „од повеќе извори постојат докази дека соработниците на Садам Хусеин, ги штитат терористите, вклучувајќи и припадници на Ал Каида. Тајно и без докази, тој може на терористите да им достави едно од неговите скриени оружја, или да им помогне да произведат свое“.

Во врска со нападите врз САД од 11-ти септември 2001-ва, г-динот Буш кажа: „Замислете ги оние 19 грабнувачи, со друго оружје и други планови, овојпат вооружени од страна на Садам Хусеин. Доколку терористите исфрлија едно шишенце или конзерва со хемиски агенси или смртоносни вируси врз САД“, рече г-динот Буш, „тоа ќе беше ден на хорор, невиден досега. Ќе сториме се што е во нашата можност“, рече претседателот Буш, „да се осигураме дека тој ден нема никогаш да дојде“.

САД, како и целата меѓународна заедница и натаму се надеваат дека Ирак брзо и доброволно ќе го уништи сето оружје за масовно уништување. „Но, да нема недоразбирања“, рече претседателот Буш, „доколку Садам Хусеин не се разоружа комплетно, во име на безбедноста на нашиот народ и во име на светскиот мир, ние ќе застанеме на чело на коалиција за да го разоружаме“.

XS
SM
MD
LG