Линкови за пристапност

Светската здравствена организација повикува на заштита на залихите од храна - 2003-01-31


Околу еден и пол милион луѓе, најголем дел од нив деца, секоја година умираат поради конзумирање загадена храна.

Шефот на програмата за заштита на храната при Светската здравствена организација, Јорген Шлундт изјави дека најголем дел од смртните случаи се намерно предизвикани, но додава дека постои огромна потенцијална опасност, за што владите мора да бидат подготвени.

„Начинот за справување со тоа е зајакнување на некои системи кои веќе постојат - системите за следење на болестите и оние за следење на квалитетот на храната, односно нејзината контаминација“, изјави госпоѓата Шлундт.

Таа исто така кажа дека здравствената агенција сака да соработува со владите за да ги направи повнимателни во однос на опасностите кои се закануваат од терористи, кога станува збор за залихите со храна. Доктор Шлундт штотуку објави и извештај: „Терористички закани за храната“, каде ги наведува опасностите.

Здравствената организација сугерира дека храната релативно лесно може да се претвори во оружје. Како што се наведува во извештајот, хемиските и биолошките агенси речиси во секое време може да бидат вметнати во ланецот на исхрана.

XS
SM
MD
LG