Линкови за пристапност

Реакции од арапските земји - 2003-01-29


Министерот за одбрана на Кувајт, Шеик Џабер Мубарак ал-Сабах изјави дека додека Емиратите се согласуваат со забелешките на претседателот Буш во врска со Садам Хусеин, Кувајт се уште преферира за судбината на Ирак да одлучува Советот за безбедност на ОН. Претседателот Буш пред Конгресот кажа дека ирачкиот лидер претставува закана и дека не може да му се верува.

Пред новинарите во Бејрут, либанскиот министер за надворешни работи, Махмуд Хамуд, кажа дека неговата земја повеќе сака мирно решение на ирачката криза.

Египетскиот шеф на дипломатијата Ахмед Махер и генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса повика да им се овозможи повеќе време на инспекторите за оружје да ја завршат нивната потрага по оружје за масовно уништување во Ирак.

Весниците ал-Мадина и Оказ од Саудиска Арабија, ја обвинуваат бушовата администрација дека веќе донела одлука да започне војна уште пред да биде поднесен извештајот во понеделникот пред Советот за безбедност на ОН. Но тие исто така побараа од Багдад да не оправда никаков напад на Вашингтон.

Во Багдад инспекторите за оружје денеска пребарувале медицински магацини, истражувачки центар, ирачки Универзитет и фабрика што произведува запалки за артилериска муниција.

XS
SM
MD
LG