Линкови за пристапност

Демократите бараат докази дека Ирак претставува непосредна закана за САД - 2003-01-29


Сенаторот Тед Кенеди, демократ од Масачусетс, е меѓу оние кои велат дека се уште не се уверени оти Ирак претставува директна закана за САД или за нивните сојузници.

Господинот Кенеди планира да изложи резолуција со која ќе се бара од претседателот Буш да презентира “убедливи докази за непоредна закана“ пред да испрати американски војници во војна против Ирак.

Гувернерот на државата Вашингтон, Гери Лок, е меѓу оние Демократи кои се согласуваат дека Ирак претставува закана. Но тој вели дека претседателот не го убедил оти САД треба сами да одат во каква било војна против Ирак, доколку колебливите сојузници одбиваат да се придружат во борбата.

„Мора да го убедиме светот дека Садам Хусеин не е проблем само за САД. Тој е проблем на целиот свет“, истакна тој.

Господинот Лок ја изложи реакцијата на Демократите на обраќањето на претседателот.

Лидерот на Демократите во Конгресот, Ненси Пелоси од Калифорнија, кажа дека иако Конгресот минатата година одобри употреба на сила во Ирак, ќе бида важно за законодавците да имаат отворена расправа за неодговорените прашања. Госпоѓа Пелоси и другите Демократи вршат притисок на администрацијата да му каже на американскиот народ колку ќе чини и колку ќе трае секаква војна против Ирак.

Сенаторот од Јужна Дакота, Том Дешл побара од претседателот Буш подобро да го образложи ставот за евентуална војна против Ирак.

„Потребно е претседателот појасно и поубеливо да образложи каква еминентна закана претставува Ирак за САД и што ние како држава ќе сториме за да обезбедиме меѓународна соработка и меѓународна поддршка доколку војната биде неизбежна, изјави г-динот Дешл.

Тој потенцира дека сака да се увери оти таквата војна нема са ги загрози останатите американски приоритети, вклучувајќи ја и домашната безбедност.

Говорејќи во Сенатот, г-динот Дешл исто така побара од државниот секретар Колин Пауел да му ги презентира на Конгресот разузнавачките податоци што ќе ги достави до ОН следната недела.

XS
SM
MD
LG