Линкови за пристапност

Сенаторот Тед Кенеди ја критикува надворешната политика на американскиот претседател - 2003-01-22


Сенаторот Кенеди, зборувајќи во Вашингтон, застана на страната на американските сојузници кои бараат да се даде повеќе време за инспекцијата на оружје во Ирак.

Сенаторот Кенеди смета дека војната предводена од САД против Ирак може негативно да влијае на други полиња на американската надворешна политика.

„Јас и натаму сум убеден дека ова е погрешна војна во погрешно време. Нема непосредна закана од Ирак, и тоа ќе го одвлече вниманието на Америка од други две непосредни закани по нашата безбедност, јасната и актуелна опасност од тероризам и кризата со Северна Кореја“, рече тој.

Сенаторот Кенеди смета дека за кризата со Северна Кореја е одговорна Владата на претседателот Буш и го повика официјален Вашингтон да посвети повеќе внимание на ова прашање.

Зборувајќи за војната против тероризмот, господинот Кенеди кажа дека САД се уште не се соодветно подготвени да одговорат на напад со оружје за масовно уништување.

Тој побара Владата да води антитерористичка кампања без притоа да ги крши граѓанските слободи и законите што го регулираат правото на приватност.

Во време кога претседателот Буш започна со подготовка на платформата за реизбор во 2004-та година, демократите се се погласни во критиката на сегашниот курс на американската надворешна политика.

XS
SM
MD
LG