Линкови за пристапност

Буш: „Ирак имаше доволно време да се разоружа“ - 2003-01-21


Претседателот Буш ја отфрли идејата дека е потребно повеќе време за инспекцијата за оружје, велејќи дека Садам Хусеин само ги повторува старите шеми за избегнување на соработка со ОН.

„Сега ми е јасно дека тој не се разоружува. И секако дека нашите пријатели извлекоа поука од минатото. Секако дека имаме научено како овој човек мами и одложува“, истакна господинот Буш.

За време на кусата средба со новинарите, претседателот повтори дека времето за Ирак да се разоружа на мирен начин, одминува.

„Дадено му е доволно време да се разоружа, а и ние имавме доволно време да увидиме дека тој и сега ги применува измамите од минатото“, вели Буш.

Запрашан за тоа колку долго ќе чека пред да донесе одлука дали ќе биде употребена воена сила, претседателот Буш одговори: „Ќе ве информирам кога ќе дојде време за тоа“.

Претходно, портпаролот на Белата куќа, Ари Флејшер, уважи дека постојат како, поддршка, така и резерви во однос на американскиот став кон Ирак. Тој исто така кажа дека претседателот Буш ја разбира потребата од, како што рече, „продолжување на иницијативата, проблемот да се решава во рамките на ОН“. Господинот Флејшер подвлече дека претседателот Буш е решен да не дојде до попустлив став на меѓународната заедница кон Ирак.

XS
SM
MD
LG