Линкови за пристапност

Инцидент во Кувајт, убиен еден Американец - 2003-01-21


Двајцата Американци, според портпаролот на американската амбасада во Кувајт, Џон Моран, биле цивили кои работеле под договор за американската армија.

Нападот се случил денеска околу 9 часот по локално време, северно од градот Кувајт, на раскрсница што е оддалечена неколку километри од Кампот Доха, каде што се стационирани околу 10 илјади американски војници кои се подготвуваат за евентуален напад врз Ирак.

Двајцата Американци биле во автомобил Тојота Лендкрузер. Возачот бил погоден во рамо и во нога, и се наоѓа во стабилна состојба во локалната болница. Неговиот сопатник бил погоден неколку пати и им подлегнал на повредите.

Властите велат дека напаѓачот или напаѓачите најверојатно го нападнале автомобилот од заседа.

Досега никој не презеде одговорност за инцидентот, а потерата е во тек. Ова е трет напад врз Американци во Кувајт во последниве месеци. Претходните два се случија во октомври и ноември минатата година.

Инаку, Кувајт се смета за клучно место при евентуалната инвазија врз Ирак предводена од САД, бидејќи се наоѓа на ирачката јужна граница. Се очекува во Кувајт наредните недели да пристигнат илјадници нови американски и британски трупи.

XS
SM
MD
LG