Линкови за пристапност

САД побараa поддршка од НАТО во случај на војна против Ирак - 2003-01-15


Претставници на НАТО велат дека меѓу предлозите на Вашингтон е барањето Алијансата да преземе мерки за да ја заштити Турција, како нејзина членка, од секаков ирачки противнапад во случај на војна. Турската граница со Ирак се очекува да биде место за лансирање на американските воздушни напади врз Ирак.

Официјални претставници велат дека САД исто така бараат пристап до опрема во сопственост на НАТО, како што е извидувачки авион, како и право да го користат сојузничкиот воздушен простор и воените бази.

Еден претставник вели дека Вашингтон бара да ги користи воените објекти на НАТО за планирање, за да ја координира логистичката поддршка за своите трупи. Тој кажа дека САД исто така предложиле сојузничките трупи да може да играат улога на мировници во Ирак по соборувањето на Садам Хусеин од власт.

Претставниците на НАТО велат дека консултациите за барањето на Вашингтон се уште се на почетно ниво и дека не е донесена никаква одлука.

Инаку, одлуките во НАТО се носат со консензус од сите 19 држави-членки. Официјалните претставници велат дека доколку Алијансата го прифати американскот барање, предлогот ќе биде испратен до нејзините воени планери.

XS
SM
MD
LG