Линкови за пристапност

Најновите апсења во Лондон се резултат на заедничката акција на франциските и британските служби - 2003-01-13


Минатонеделното откривање на отровот рицин во еден апартман во Лондон, е најнов пример на анти-терористичката кампања што британските и француските безбедносни служби велат дека особено е фокусирана на алжирските имигранти. Многумина алжирски екстремисти наводно од Франција се префрлаат во Британија, поради ефикасното дејствување на француските безбедносни служби. Прилогот е на Роџер Вилкинсон.

Алжирската поврзаност со тероризмот има корени во десетгодишниот конфликт во оваа северноафриканска земја меѓу владините сили и исламските радикали. Поради конфликтот, многумина од радикалите се доселиле во Франција, поранешниот колонијален владетел на Алжир.

Во Франција тие лесно се вклопиле со најголемата муслиманска заедница во Европа.

Но, по серијата терористички напади во оваа земја од страна на алжирските екстремисти, особено грабнувањето на авионот на Ер Франс во 1995-та година, француските безбедносни служби ја прекинаа активноста на некои познати екстремисти и нивните организации.

Експерти од областа на разузнавањето, како Жан Франсоа Дагузан, од Фондацијата за стратешки студии во Париз, вели дека животот на алжирските терористи во Франција, во последниве неколку години станал потежок, но тие наоѓаат прибежиште во Британија. Г-динот Дагузан вели дека подолго време, британските разузнавачки служби биле или незаинтересирани или не биле свесни за потенцијалната опасност на овие мажи.

„Користејќи ја Британија како безбедно тло, екстремистите ја организираат и структуираат нивната заедица, за да обезбедат поддршка за француската терористичка заедница, од што произлегува дека врската е мошне цврста“, истакнува г-динот Дагузан.

Тој сепак вели дека од септемвриските терористички напади врз САД па наваму, опасноста од северноафриканските екстремисти Британија почнала да ја сфаќа посеризно, а е зголемена и соработката меѓу британските и француските разузнавачки агенти.

Безбедносните служби на овие две земји велат дека минатонеделното апсење на седумината северноафриканци во Лондон, како и апсењето на шесте лица во неделата во крајбрежниот град Боунемот, се плодовите на таа соработка. Тие велат дека апсењето во близината на Париз, некаде пред 25-ти декември, на група осомничени, со алжирско потекло, кои биле обучувани во Чеченија, резултирало во тоа британската полиција да го пронајде рицинот.

Иако британската полиција не ги идентификува приведените лица по националност, претставник на обезбедувањето кажа дека повеќето од осомничените кои досега се уапсени за случајот со смртоносниот отров, се или Алжирци или потекнуваат од оваа земја. Тој исто така кажа дека од терористичките напади врз САД, па наваму, во апсењата во Британија или воопшто во Европа на околку 200 осомничени за тероризам, мнозинството од нив се или од Северна Африка или конкретно од Алжир.

XS
SM
MD
LG