Сенаторот Либерман својата кандидатура ја објави денеска во неговото поранешно средно училиште во Стамфорд, Конетикат.
Тој вели дека кампањата ќе ја води на основа на ветувањето за заштита на САД од терористите и за оживување на домашната економија:
„Никогаш не смееме да се откажеме од употребата на американската моќ за одбрана на нашата безбедност и нашите идеали од злото за време на војна. И никогаш не смееме да заборавиме да ја употребиме моќта на нашите идеали како сила во потрага по мирот“, порача тој.
Сенаторот Либерман ја поддржува политиката на претседателот Буш за Ирак, но вели дека администрацијата имала погрешен приод кон Северна Кореја.
Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека сенаторот Либерман е меѓу водечките личности од големиот број демократски кандидати кои следната година ќе му се спротивстават на претседателот Буш.