Линкови за пристапност

Реакција на претседателите на САД и Кина по одлуката на Северна Кореја  да се повлече од антинуклеарниот договор - 2003-01-10


Портпаролот на Белата Куќа, Ари Флејшер вели дека претседателот Буш и неговиот кинески колега, Џијанг Цемин се договориле да ја продолжат соработката, за да се осигура мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров.

Господинот Флејшер кажа дека претседателот го употребил телефонскиот разговор да нагласи дека САД немаат непријателски намери кон Северна Кореја и дека сакаат мирно, мултилатерално решение за кризата. Тој вели дека претседателот Цемин ја повторил определбата на Кина за Корејски полуостров, без нуклеарно оружје.

Американскиот потпретседател Дик Чејни вели дека одлуката на Северна Кореја се заканува да ги обезвредни децениските напори за спречување на ширењето на оружјето и дека само ќе постигне натамошно изолирање на земјата.

„Иако, со оглед на однесувањето на Северна Кореја во последно време, не беше неочекувано денешното соопштение, сепак тоа создава сериозна загриженост кај нејзините соседи и кај целата меѓународна заедница“, истакна господинот Чејни.

Амбасадорот на Северна Кореја во ОН, Пак Гил Јон, вели дека оваа земја нема намера да произведува нуклеарно оружје, но дека може тоа да го земе предвид во иднина, зависно од акциите на САД.

Амбасадорот Јон кажа и дека секакви санкции на ОН против Северна Кореја, ќе бидат сметани за акт на војна.

XS
SM
MD
LG