Линкови за пристапност

Номинации за музичките награди Греми - 2003-01-07


TEXT: Разновидната група уметници, меѓу кои имаше рок, рап и кантри музичари, ги избраа номинациите за 45-те награди Греми. Годинава, не доминира ниту еден уметник, а оссумина изведувачи добија по пет номинации. Наградите Греми за 104 категории секоја година се доделуваат на церемонијата што се пренесува на телевизија во целиот свет од Националната Академија на уметности и науки за музика. Академијата ги повикува уметниците како Џастин Тимберлејк да ги презентираат главните номинации. “За албум на годината номинирани се: "Home," Dixie Chicks, "The Eminem Show," од Eminem, "Come Away With Me," на Norah Jones, "Nellyville," од Nelly и "The Rising," на Bruce Springsteen.

Албумот "The Rising," на Брус Спрингстин, по повод терористичките напади на 11 септември, се очекува да биде главно обележје на годинешните Греми. Како додаток на значајните популарни рок и ритам и блуз хитови што се појавија годинава, Греми вклучи и различни жанрови на духовна, џез и класична музика. Додека сите ветерани на Греми, Џејмс Тејлор, Елтон Џон, Шерил Кроу и контроверзниот рапер Еминем, се номинирани, церемонијата на доделување на наградите служи и за окривање на нови уметници што ветуваат. Раперот Нели, кој доби пет номинации, го соопшти кремот на годинешниот колач. За најдобар изведувач номинирани се, се разбира, Ашанти, Мишел Бренч, Нора Џонс, Аврил Лавињ и Џон Маер. Хитот "Complicated" на 18-годишната Аврил Лавињ исто така е номиниран за песна на годината. Ритам и блуз уметникот Ашанти е номинирана во пет категории исто како и пејачката Нора Џонс. Нора Џонс доби најмногу номинации. Нејзиниот хит "Don't Know Why" е номиниран за албум и песна на годината.

XS
SM
MD
LG