Линкови за пристапност

Буш предложи мерки за зајакнување на економијата - 2003-01-07


Претседателот кажа дека сака да го стимулира економскиот растеж и отворањето нови работни места. Тој на бизнисмените во Чикаго им рече дека неговиот план ќе му пристапи на проблемот чесно и агресивно. “Предложив смел план бидејќи потребата од ваков план е итна, и барам од Конгресот брзо да дејствува и да го усвои овој предлог закон“, кажа американскиот претседател. Но, борбените табори веќе се направени. Демократите велат дека предлозите за намалување на даноците се така скроени да им помогнат на богатите. Во својот говор во Чикаго господинот Буш ја одби таа критика. Тој кажа дека намалувањето на даноците ќе им помогне на сите Американци. “Американците денеска плаќаат околу третина од приходите за даноци. Сето ова врши притисок на семејниот буџет и ја затемнува нашата економска иднина“, рече претседателот Буш. Неговиот план повикува на зголемено скратување на даноците на приходи и на елиминација на даноците на дивидендите на акции кои се плаќаат на инвеститорите.

XS
SM
MD
LG