Линкови за пристапност

Силна британска поддршка за воена акција против Ирак - 2003-01-07


Господинот Блер на амбасадорите им кажа дека со САД не се согласува по секое прашање, но кога се работи за заканата од тероризам Лондон мора да застане цврсто до Вашингтон. И посебно навраќајќи се на Ирак, господинот Блер кажа дека Садам Хусеин мора да биде разоружан на еден или друг начин, или во спротивно ќе треба да плати цена. “Ако светот не заземе став по ова прашање за оружјето за масовно уништување и не испрати јасен сигнал, тогаш верувам дека подоцна ќе мора да ги поднесеме последиците од нашата слабост“,изјави британскиот премиер. Господинот Блер на дипломатите им кажа дека се надевал оти нема да биде неопходно да се оди во војна со Ирак, но тој рече дека доколку е неопходно, би сакал другите земји да ги поддржат САД. “Америка не смее да биде принудена сама да го решава ова прашање. Сите треба да бидеме дел од тоа. Се разбира тоа треба да оди преку ОН. Тоа беше наша желба и САД така сторија. Но ако волјата на ОН не биде почитувана, тогаш таа треба да се спроведе со сила“, рече господинот Блер. Нешто пред обраќањето на премиерот, британскиот секретар за одбрана Џеф Хун објави во долниот дом на парламентот повикување на околу илјада и петстотини армиски резервисти, по кои кои ќе уследат повеќе.

XS
SM
MD
LG