Линкови за пристапност

Реаксција на Белата куќа по најновите коментари на ирачкиот лидер Садам Хусеин - 2003-01-06


Во обраќањето до ирачкиот народ, Садам Хусеин ги обвини инспекторите на ОН за оружје за вмешаност во собирање разузнавачки информации. Во истиот говор тој ги нарече херојски двата вчерашни самоубиствени напади во Тел Авив.

Портпаролот на Белата куќа, Ари Флејшер овие забелешки ги нарече „несреќни“. Тој рече дека инспекторите се во меѓународна мисија под закрила на ОН, потенцирајќи дека нивната работа треба да продолжи.

„Изјавите на Садам Хусеин во кои тој ги обвинува инспекторите за оружје за вршење чисто разузнавачка работа претставуваат обид за свртување на вниманието од фактот дека Ирак и натаму не покажува знаци дека ќе се ослободи од оружјето за масовно уништување“, истакна господинот Флејшер.

Тој кажа дека според медиумските извештаи, Ирак и во минатото ги обвинувал инспекциските тимови за шпионажа. Тој појасни дека во нивните соби биле поставувани прислушни апарати, и нивните разговори биле следени.

„Инспекторите прават најдобро што можат, и претседателот ги цени тие нивни напори. Но загрижува средината во која тие работат. Ирачаните се тие кои создават проблеми“, рече господинот Флејшер.

Портпаролот на Белата куќа употреби дури и осилни и поемотивни зборови како одговор на коментарите на Садам Хусеин за нападите врз Израел. Тој рече дека нема оправдување за напаѓачите самоубијци. Тој, оддавањето признание на ваквите напади од страна на ирачкиот лидер го нарече „ужасно“.

Господинот Флејшер беше запрашан и за одмазничките чекори преземени од Израел, вклучувајќи ја и одлуката да им се забрани на палестинските претставници клучните состаноци да ги одржуваат на Западниот брег и во странство.

Тој подвлече дека во двата напада од неделата во Тел Авив загинале 22 лица, нарекувајќи го тоа огромен напад. Господинот Флејшер кажа дека Израел има право на самоодбрана, истакнувајќи дека Израелците мора да ги имаат предвид последиците.

XS
SM
MD
LG