Линкови за пристапност

Меѓународната агенција за атомска енергија ги негира обвинувањата на Садам Хусеин - 2003-01-06


Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена категорично ги отфрла обвинувањата од страна на Садам Хусеин дека инспекторите се ангажирани во „разузнавачка работа“.

Портпаролот на Меѓународната агенција, Мелиса Флеминг ги негираше обвинувањата.

„Би кажале дека нашиот мандат го спроведуваме професионално, систематски и со почит. Работитме во согласност со нашиот мандат според резолуцијата и на никаков начин не го прекршуваме. Какви било обвинувања дека сме некакво разузнавачко тело, дека известуваме или собираме информации за националните влади се целосно невистинити. Нашиот мандат произлегува од Советот за безбедност и ние ние сме владини работници“, истакна госпоѓа Флеминг.

Таа додаде дека инспекторите не вршеле истрага за луѓе, туку се фокусирани на комлекси и се во потрага по документи.

Инспекторите интервјуирале и ирачки научници, за што се овластени од Советот за безбедност.

Американски претставници неодамна побараа од инспекторите да бидат поагресивни во нивната потрага по забрането оружје во Ирак.

XS
SM
MD
LG