Линкови за пристапност

Ирачкиот претседател ги обвинува инспекторите  на ОН за шпионaжа - 2003-01-06


Во претходно снимениот телевизиски говор, по повод денот на ирачката армија, Садам Хусеин ги обвини инспекторите за оружје на ОН дека спроведувале, како што рече, чисто разузнавање.

Ирачкиот лидер кажа дека инспекторите на ОН собирале имиња на ирачки научници, поставувале непријатни прашања и вршеле истрага за воени кампови и оружје, што не е забрането. Тој ги обвини САД дека се обидуваат да извршат притисок врз инпекторите да го надминат нивниот мандат со тоа што ги убедувале екипите на испекторите да бидат поагресивни во испрашувањето на ирачките научници за програмите за оружје на Ирак.

Претседателот Хусеин исто така ги обвини САД за создавање тензии за да се одврати вниманието од, како што вели, неуспешната американска политика за Блискиот Исток и за економијата, како и од израелската окупација на палестинските територии.

Ирачкиот претседател изјави дека ирачкиот народ и армијата ќе победат при секаков воен напад предводен од САД, бидејќи правдата е на нивна страна.

Во меѓувреме, тимовите инспектори на ОН денеска испитаа уште четири ирачки локации во потрага по забранетото оружје, само еден ден откако извршија рекордни 16 потраги.

XS
SM
MD
LG