Линкови за пристапност

Kофи Анан засега не гледа причина за воена акција против Ирак - 2002-12-31


Кофи Анан за израелското радио кажа дека до сега Ирак соработува со инспекторите за оружје на ОН.

„Ирак соработува и тие се во состојба да ја завршат работата како што е планирано, затоа сега не гледам аргумент за преземање воена акција“, истакна господинот Анан.

Претседателот Буш се закани дека ќе го нападне Ирак доколку се покаже дека планира производство на оружје за масовно уништување. Вашингтон изрази незадоволство со она што Ирак до сега го покажа.

Господинот Анан кажа дека на инспекторите би требало да им биде дозволено да ја завршат работата пред да се преземе каква било следна акција. Тој исто така кажа дека се уште се надева оти кризата ќе биде мирно разрешена.

Господинот Анан рече дека се надева оти наредната година ќе се направат дополнителни напори за разрешување на израелско-палестинскиот конфликт.

XS
SM
MD
LG