Линкови за пристапност

Северна Кореја ги протерува инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија - 2002-12-27


Медиумите во Јужна Кореја, повикувајќи се на владината Централна новинска агенција на Северна Кореја, велат дека Пјонgјанг протерал само двајца инспектори на ОН од земјата.

Со овој чекор, всушност, се оневозможува Меѓунардоната агенција за атомска енергија да одреди дали комунистичкиот Север ги користи своите нуклеарни објекти за производство на оружје.

Изминатите неколку недели, Северна Кореја ги отстрани направите за набљудување од централата Јонгбјон, ги симна заштитните печати на реакторите, ги премести цевките со гориво од магацинот на објектот и ја отвори централата за повтрна работа. Експертите на ОН предупредија дека ова значи оти Северна Кореја може да произведува плутониум за нуклеарно оружје.

Пјонгјанг и денеска е дрзок, велејќи дека САД непромислено брзаат кон екстремно опасна конфронтација со Северот. Северна Кореја ги нарече нереални барањата предводени од САД, да престане да работи врз својата нуклеарна програма.

Северна Кореја тврди дека има потреба да го реактивира реакторот Јонгбјон, кој е замрзнат според договорот со САД од 1994 година, за да обезбеди електрична енергија откако САД и нивните сојузници го запреа доставувањето за нафта заради, како што беше речено, други нуклеарни прекршоци.

Денеска, новоизбраниот претседател на Јужна Кореја ги откри потезите на Северна Кореја за реактивирање на нуклеарната програма.

Ро Мо-јун го предупреди Северот дека непочитувањето на спогодбите за неширење на оружјето би можело да претставува тешкотија за него да ја продолжи политиката на договарање откако ќе ја преземе функцијата. Тој рече дека, без договарање, Северот нема да може да ја заживее економијата што пропаѓа и да стави крај на дипломатската изолираност.

Јапонија исто така продолжува да го повикува Северот да продолжи да ги замрзнува сите свои нуклеарни објекти.

Министерот за надворешни работи Јорико Кавагучи кажа дека нуклеарните амбиции на Северна Кореја и натаму се глобален проблем за кој е потребна тесна соработка меѓу други држави и Меѓународната Агенција за атомска енергија.

Јапонија и Јужна Кореја се координираат со нивниот сојузник, САД, за да извршат притисок врз Северна Кореја да се однесува во согласност со договореното. Австралија исто така изрази загриженост и денеска соопшти дека ги откажала плановите за отворање на амбасада во оваа комунистилка земја.

XS
SM
MD
LG