Линкови за пристапност

Бликс од САД и Британија бара повеќе разузнавачки податоци - 2002-12-20


Шефот на тимот инспектори на ОН за оружје, Ханс Бликс вели оти неговиот тим би бил поефикасен доколку од САД и Британија добие повеќе информации.

„Од овие земји бевме опширно брифирани за тоа што тие веруваат дека Ирачаните поседуваат. Но, она што навистина ви е потребно е индикација за локациите каде нештата се складирани, доколку им е позната. Тие ги имаат на располагање сите методи за прислушкување на телефонските разговори. Тие имаат шпиуни, сателити, тие имаат многу извори што ние ги немаме“, истакна господинот Бликс.

На неговото барање од Лондон и Вашингтон не уследи веднаш реакција, иако американски и британските владини претставници имаат изјавено дека се двоумат дали да ги споделат разузнавачките информации, бидејќи тоа може да го разоткрие методот според кој ги добиваат, како и изворите на тие информации.

Господинот Бликс го даде интервјуто по брифингот во Советот за безбедност на ОН посветен на ирачката декларација за оружје на 12.000 страници. Тој кажа дека во документот постојат празнини што мора да бидат објаснети.

XS
SM
MD
LG