Линкови за пристапност

Неделава САД ќе ја оценат ирачката декларација за оружје - 2002-12-16


САД не се очекува да ја обелоденат својата анализа на обемниот ирачки извештај, се додека шефот на инспекцискиот тим за оружје на ОН, Ханс Бликс не го брифира Советот за безбедност в четврток. Меѓутоа, за време на прес-конференцијата со јапонските министри за надворешни работи и за одбрана, господинот Пауел остро индицираше дека престојната американска оценка на декларацијата е негативна.

„Уште на самиот почеток, на декларацијата и пријдовме со скептицизам и според моите досегашни информации, тој скептицизам има добра основа. Со декларацијата има проблеми“, рече господинот Пауел.

Тој исто така кажа дака американската конечна оценка ќе уследи по консултациите со инспекторите за оружје на ОН, со Меѓународната агенција за атомска енергија и останатите постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

XS
SM
MD
LG