Линкови за пристапност

Северна Кореја ги реактивира нуклеарните постројки - 2002-12-13


Северна Кореја побара од Меѓународната агенција за атомска енергија да го прекине контролата врз нејзините нуклеарни објекти. Пјонгјанг вели дека земјата сама ќе произведува електрична енергија преку реактивирање на нуклеарните централи.

Во писмото до Агенцијата, Пјонгјанг бара да се отстранат сите набљудувачки камери од севернокорејските нуклеарните објекти.

Во одговор на барањето, Меѓународната агенција за атомска енергија ја повика Северна Кореја да не презема еднострана акција околу вакво деликатно прашање, и дека набљудувачкиот процес на Агенцијата треба да продолжи. Оваа организација со седиште во Виена е одговорна за набљудување на нуклеарните програми ширум светот, во името на ОН.

Владите ширум светот исто така го повикаа Пјонгјанг внимателно да размисли пред да ги реактивира нуклеарните операции. Портпаролот на јапонското Министерство за надворешни работи, Јасуо Факуда најави дека ќе се обиде да го обнови дијалогот со Северна Кореја по ова прашање.

Нуклеарната програма на Северна Кореја беше прекината со документот наречен Рамковна согласност, што Пјонгјанг и Вашингтон го постигнаа во 1994-та година. Со него, Пјонгјанг вети дека ќе ја прекине својата програма за збогатување на плутониум. За возврат, енергетски конзорциум под американско раководство се согласи на Северна Кореја да и доставува патки мазут и два реактора за производтво на електрична енергија.

Откако неодамна САД објавија дека Пјогјанг признал оти тајно работи на својата нуклеарна програма, конзорциумот одлучи да ги стопира пратките мазут. Обраложението на Пјонгјанг е дека бил приморан да ги обнови нуклеарните операции поради недостаток на електрична енергија во земјата.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеи, вели дека Рамковната спогодба е мошне важен инструмент за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров. Тој ги повика сите страни да го обноват дијалогот, и побара овој проблем да се реши по мирен пат.

Во меѓувреме, државната новинска агенција на Северна Кореја ги обвини САД за „големо пиратство“, поради тоа што на отворено море го запреа севернокорејскиот број што носел проектили од типот „Скад“ за Јемен. Во извештајот на агенцијата уште се вели дека Вашингтон треба да се извини за таквата акција и да плати оштета на бродот и на неговиот екипаж.

Вашингтон нареди бродот да се ослободи откако Јемен соопшти дека ги купил проектилите, и откако американски власти утврдија дека со пратката не било прекршено меѓународното право.

XS
SM
MD
LG