Линкови за пристапност

Започна самитот на ЕУ во Копенхаген - 2002-12-12


Данскиот премиер Андерс Фог Расмусен, кој е главниот преговарач на ЕУ со земјите-кандидати, на прес-конференцијата непосредно пред започнувањето на Самитот, ги предупреди дека треба да го прифатат финансискиот пакет што им го нуди Унијата, или во спротивно ризикуваат одложување на проширувањето за неколку години.

Премиерот на Данска истакна дека наспроти инсистирањето на Полска и на другите нови кандидати за поголема помош во земјоделството и за инфраструктурните фондови, тој не може да понуди повеќе од она што веќе е предложено.

Господинот Расмунсен исто така најави дека ќе предложи компромисен датум за Турција за започнување на разговорите за членство. Турција сака овие разговори да започнат следната година. Франција и Германија нудат тоа да биде 2005-та година. Британија и Италија бараат разговорите да започнат во 2004-та. ЕУ вели дека нема да започне вакви разговори се додека не биде задоволна од исполнувањето на критериумите од страна на Турција во однос на демократијата и човековите права.

XS
SM
MD
LG