Линкови за пристапност

Претседателот Буш подготвува заштита од биотерористички напад врз САД - 2002-12-12


Во подолгото интервју за телевизијата Еј-Би-Си, претседателот Буш нашироко говори за планот за вакцинирање против вариола вера. Во извадоците од интервјуто што беа емитувани синоќа, тој кажа дека вакцинирањето ќе биде врз доброволна основа, и сите Американци ќе можат да изберат дали да примат вакцина или не.

Има силни навестувања дека први ќе бидат вакцинирани припадниците на вооружените сили, а потоа медицинските екипи за итна помош.

Вакцинирањето на пошироката јавност ќе започне нешто подоцна и ќе потрае подолго време, бидејќи се чека да созреат новите количестав вакцини, Се очекува вакцинирањето да трае до 2004-та година.

Претседателот неколку месеци ја проценуваше потребата од вакцинација против вариола вера на национално ниво, со оглед на евентуалните несакани ефекти на вакцината.

Вариола вера беше искоренета пред две децении, но се стравува дека ова заразно заболување може да се врати преку биолошко оружје. Инаку, рутинската вакцинација против вариола вера во САД заврши во 1972-ра година.

XS
SM
MD
LG