Линкови за пристапност

Отфрени наводите во Вашингтон Пост дека Ирак  ги снабдил со нервен гас исламските екстремисти поврзани со Ал-Каида - 2002-12-12


Според весникот, американски владини лица сметаат дека набавеното оружје е нервен агенс од типот Ве-Икс, што преку курир бил прошверцуван во Турција.

Вашингтон Пост пишува дека американските претставници изворот на оваа информација го опишуваат како, цитираме, чувствителен и веродостостоен.

Доколку се потврди дека извештајот е точен, ова ќе биде првата позната набавка на хемиско оружје, освен цијанидот, од страна на Ал-Каида или останатите терористички групи со кои таа соработува.

Американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд за време на негавата посета на Катар, од репортерот на Ен-Би-Си телевизијата беше запрашан за поврзаноста меѓу Ал-Каида и Ирак.

„Постојат припадници на Ал-Каида кои се поврзани со Ирак и кои ја користат оваа земја, исто како што Ал-Каида е присутна во Иран, Пакистан, САД и во останатите земји. Исто така ни е познато дека Ал-Каида и останатите терористички мрежи бараат по секоја цена да дојдат до хемиско, биолошко и радиоактивно оружје“, изјави господинот Рамсфелд.

Во написот објавен во Пост уште се вели дека американските владини претставници не знаат која точната цел на нападот со нервниот гас, но дека се загрижени оти тој би можел да биде искористен насекаде во Европа или во САД.

XS
SM
MD
LG