Линкови за пристапност

Митрева говореше во Американскиот институт за мир, утре се среќава со американскиот државен секретар - 2002-12-09


Македонскиот министер за надворешни работи Илинка Митрева денес ја започна официјалната посета на Вашингтон, во чии рамки утре ќе се сретне со американскиот државен секретар, Колин Пауел.

Министерката Митрева претпладнево по американско време одржа презентација во угледниот научно-истражувачки Американски институт за мир во Вашингтон, на тема „Македонија – поглед во иднината“.

Г-ѓа Митрева попладнево има одвоени средби со директорот за Југоисточна Европа во Светската банка, Кристијан Портман, и со шефот на Мисијата за Македонија во Меѓународниот монетарен фонд, Франек Розвадовски.

За утре е закажана средба со американскиот државен секретар Колин Пауел, по што министерката Митрева ќе присуствува на церемонијата на склучување на Договорот за заштита и зачувување на одредени културни сопствености меѓу владите на Македонија и САД.

За среда се предвидени одвоени средби со Стивен Хадли, кој е втор човек во американскиот Национален совет за безбедност, по советникот Кондолиса Рајс, како и со заменик- помошник секретарот за меѓународни односи во Одделот за финансии, Ненси Ли. Министерката Митрева ќе замине од САД во четврток.

XS
SM
MD
LG