Линкови за пристапност

Формиран американскиот Оддел за домашна безбедност - 2002-11-26


Претседателот го потпиша законот за формирање на новиот федерален Оддел за домашна безбедност и го предложи својот советник за домашна безбедедност, Том Риџ, за прв човек на овој владино тело на ниво на министерство.

Обиколен со дел од законодавците кои го усвоија законот во Конгресот, претседателот го потпиша Актот за домашна безбедност и со тоа тој стана закон.

„Со Актот за домашна безбедност, ние правиме се за да ја заштитиме Америка. Ја покажуваме одлучноста на оваа голема нација да ја брани нашата слобода, нашата безбедност и нашиот начин на живот“, кажа претседателот Буш.

Новиот владин оддел ќе опфати 22 постоечки федерални агенции, со комбиниран буџет од околу 40 милијарди долари годишно и околу 170 илјади вработени.

Целта, според претседателот, е поефикасен владин одговор на терористичката закана и подобра заштита на Американците од евентуални напади.

Ова е најголема владина реорганизација од 1947-ма година - наваму, кога беше формиран Одделот за одбрана. За целосно оформување на Одделот најверојатно ќе бидат потребни од една до две години.

Претседателот Буш предложи со Одделот да раководи Том Риџ, поранешен гувернер на Пенсилванија, кој во моментов е на чело на Канцеларијата за домашна безбедност во Белата куќа. „Тој е вистинскиот човек за оваа нова и голема одговорност“, кажа претседателот Буш на церемонијата во Белата куќа.

Новиот Оддел за домашна безбедност ќе координира со собирањето на разузнавачки податоци, ќе истражува нови начини за заштита на Американците од ефектите од биолошко и хемиско оружје, ќе ја засилува безбедноста на границите и ќе ја унапредува подготвеноста за вонредни ситуациии.

Дел од политилките аналитичари предупредуваат домашната безбедност всушност би можела да заслабне со процесот на формирање на новиот оддел, со оглед на фактот дека за тоа ќе бидат потребни месеци, а можеби и години. Но претставници на Белата куќа инсистираат дека сите агенции вклучени во Одделот ќе продолжат да функционираат за време на транзицијата и резултатот ќе биде зајакната домашна безбедност за сите Американци.

XS
SM
MD
LG