Линкови за пристапност

Ирак ќе биде главна тема на средбата Буш-Путин - 2002-11-22


По заминувањето од Прага, претседателот Буш ќе отпатува во Русија на средба со претседателот Владимир Путин во Санкт Петерсбург, на која најавува дека ќе разговара за Ирак и војната против тероризмот.

Тоа ќе биде куса, неколкучасовна посета, вметната помеѓу Самитот на НАТО и посетите на две од седумте поранешни комунистички земји кои добија покана за приклучување кон Алијансата.

Претставник на американската администрација вели дека претседателот Буш ќе појде во Санк Петерсбург за да го увери својот руски колега дека натамошното проширување на Алијанста е во корист на Русија.

„Ќе му кажам на мојот пријател, Владимир Путин и на рускиот народ дека тие исто така така имаат корист од безбедноста и стабилноста на земјите што се наоѓаат на запад од Русија. На Русија не и е потребна тампон-зона за заштита: потребни и се мирољубиви и просперитетни соседи, кои исто така ќе и бидат и пријатели. Нам ни е потребна силна и демократска Русија, како пријател и партнер за да се соочиме со новите предизвици на следниот век“, кажа претседателот Буш во обраќањето пред Младинскиот атлантски совет во средата во Прага.

Во интервјуто за руската телевизија НТВ, г-динот Буш беше најави дека со Владимир Путин сака да разговара за Ирак и за војната против тероризмот. Тој исто така кажа дека ќе го охрабри претседателот Путин да бара мирно решение за конфликтот во Чеченија.

XS
SM
MD
LG