Линкови за пристапност

На самитот во Прага, НАТО можно е да има нов изглед - 2002-11-15


На самитот што ќе се одржи на 21-ви и 22-ри ноември, се очекува НАТО да се прошири со седум земји од Централна и Источна Европа: Словачка, Словенија, Романија, Бугарија, Литванија, Естонија и Латвија. Полска, Унгарија и Чешката Република се придружија во 1999-та година.

Американски официјални лица велат дека овие земји со зачленувањето ќе добијат поголема безбедност, а истовремено ќе придонесат во специјализираните потреби на Алијансата.

Висок американски претставник кој побара да остане анонимен, на вчерашниот брифинг за новинарите во Вашингтон кажа дека романскиот батаљон Црвени скорпиони, кој во моментов се наоѓа во Авганистан, или словенечките специјализирани планински единици, се пример на сили со потенцијал за идните мисии на НАТО.

Американски официјални лица исто така велат дека ќе побараат создавање на нови сили на НАТО за брза реакција. Европската Унија истот ака сака да воспостави такви сили. Американските претставници велат дека двете сили би можеле да бидат комплементарни, со тоа што Европјаните би се фокусирале на хуманитарни мисии, додека силите на НАТО за реакција би биле борбени единици.

САД исто така ќе се обидат да ја убедат Русија дека проширувањето на НАТО кон исток е и во нејзин интерес, бидејќи создава пан-европска зона на стабилност. Советот НАТО-Русија, формиран оваа година, на Русија и дава удел во одлуките што се однесуваат на европските безбедносни прашања.

По самитот во Прага, претседателот Буш треба да замине за Русија, на средба со претседателот Владимир Путин во Сент Петерсбург. Обајцата лидери ќе разговараат за иднината на НАТО, но и за заканата што ја претставува Ирак, што ќе биде главна тема и на самитот во Прага.

XS
SM
MD
LG