Линкови за пристапност

Ирак ја прифати новата резолуција на ОН - 2002-11-13


Амбасадорот на Ирак во ОН, Мохамед Алдури пренесе што стои во писмото до канцеларијата на Генералниот секретар на ОН Кофи Анан, потпишано од ирачкиот министер за надворешни работи, Наџи Сабри. Ирачкиот амбасадор вели дека Ирак е подготвен да ги прифати инспекторите за оружје на ОН, кои беа присилени да ја напуштат земјата пред четири години.

„Ирак ќе постапи по резолуцијата 1441 на ОН и покрај нејзината лоша содржина. Ние сме подготвени да ги примиме инспекторите за оружје согласно на утврдениот распоред. Ние сакаме тие да си ги завршат обрвските во соласност со меѓународното право, колку што е можно поскоро“, истакна господинот Алдури.

Ирачкиот амбасадор индицираше дека багдадското прифаќање на резолуцијата е безусловно.

„Секако дека владата на Ирак реши да ја прифати таа резолуција и да пристапи кон прашањето во целина, што е содржано во самата резолуција“, вели тој.

Во истовреме, амбасадорот Алдури го повтори ставот на Багдад дека во земјата нема оружје за масовно уништување како што тврдат САД и Британија. Токму тоа ќе треба да го проверат инспекторите за оружје. Според распоредот содржан во резолуцијата, Ирак има помалку од 30 дена да го презентира целосното досие за своите програми за вооружување.

Ирачкото писмо се уште се преведува од арапски. Дипломатите во Њујорк сакаат да бидат сигурни дека нема скриен јазик во пораката од ирачкиот министер за надворешни работи, што би имплицирало поставување услови или ограничувања на инспекциите.

Во меѓувреме, главниот инспектор за оружје Ханс Бликс планира испраќање на претходница на тимот во Багдад во понеделник. Инспекторите ќе имаат седиште во главниот град на Ирак, со канцеларии и на други ирачки локации во зависност од ширењето на потрагата по забранетото оружје.

Шеесет дена по почетокот на работата инспекторите ќе треба да го известат Советот за безбедност за ирачкиот однос. Ставот на САД е дека Ирак ќе се соочи со можна воена акција доколку Садам Хусеин не ги почитува барањата на ОН за разоружување.

XS
SM
MD
LG