Линкови за пристапност

Ирак:  парламентот расправа по резолуцијата на ОН - 2002-11-11


Ирачкиот парламент вечерва ќе одржи седница на која ќе расправа по резолуцијата на ОН за инспекција на оружјето, што содржи сериозни последици за Ирак доколку не одговори на барањата.

Ирачките парламентарци својата одлука ќе ја поднесат до раководниот совет на земјата, на чие чело е претседателот Садам Хусеин. Ирак има рок до петок или да ја прифати или да ја одфрли резолуцијата, што минатата недела доби едногласна поддршка од Советот за безбедност на ОН. Министрите за надворешни работи на земјите од Арапската лига, кои изминативе два дена беа на состанок во Каиро, изјавија дека очекуваат Ирак да ја прифати резолуцијата. Дописникот на Гласот на Америка од Каиро цитира извор од врвот на Арапската лига кој вели дека Ирак ги уверил претставниците на оваа организација дека целосно ќе ги прифати одредбите на новата резолуција на ОН.

XS
SM
MD
LG