Линкови за пристапност

Преглед на петте најгледани филмови изминатиов викенд во американските кино-сали - 2002-11-04


Еден напуштен прекуокеански брод ги открива своите страшни тајни во Бродот на духови или "GHOST SHIP". Gabriel Byrne и Juliana Margulies се водачи на спасувачкиот екипаж кој запаѓа во борба со натприродни сили. "GHOST SHIP" неделава потона на петтото место.

Минатонеделниот филм број еден, падна на четвртото место. "JACKASS, THE MOVIE" е филмска верзија на хит-шоуто на Ем-Ти-Ви со најневеројатни, и често будалести шеги.

Во "JACKASS, THE MOVIE" игра комедијантот Johnny Knoxville и филмот неделава заврши на четвртото место.

Арогантниот и егоистичен боксер Eddie Murphy сочинува тим со смртно-сериозниот таен агент Owen Wilson во "I-SPY", или Јас шпионирам, новата акциона комедија лабаво заснована на истоимена тв-серија од 1960-тите. Wilson вели дека држењето чекор со импровизирањето на Murphy било предизвик.

Овој филм со Eddy Murphy е последниот во серијата разочарувачки отворања на нови филмски остварувања. Според продадените влезници, "I-SPY" одвај се задржа на третото место во првата недела на прикажување.

"THE RING" или Прстенот, е адаптација на популарен јапонски трилер. Naomi Watts игра репортер кој прави се да ја открие тајната на смртоносната, и можеби натприродната видеолента. Прстенот се задржа на второто место, а првото го зазеде продолжението на божиќната комедија "SANTA CLAUSE". Во "SANTA CLAUSE TWO", Tim Allen, кој од обичен човек магично станува Дедо Мраз на Божиќ, треба добро да се потруди за да ја задржи санката со впрегнати елени.

Elizabeth Mitchell ја игра идната госпоѓа Мраз и "SANTA CLAUSE TWO" дебитира на листата и во кино салите како најгледан филм неделава.

XS
SM
MD
LG