Линкови за пристапност

САД и Ирак - 2002-11-04


“Гласот на Америка“ донесува различни гледишта за голем број прашања. Во продолжение следува уреднички коментар што ги одразува ставовите и политиката на американската Влада.

Во 1991-та година САД застанаа на чело на меѓународните сили за да ја спречат инвазијата врз муслиманската земја Кувајт, од страна на друга муслиманска држава, Ирак. Во 1999-та година, САД им се придружија на силите на НАТО за да помогнат во спасувањето на Муслиманите на Косово. Денес, американските трупи се во Авганисатан и помагаат во обезбедувањето на оваа муслиманска земја, откако успеаа да ја ослободат од репресивниот талебански режим. САД не појдоа на овие места како освојувачи, туку како ослободители.

Сега постои нова закана, и повторно се работи за Ирак. Ирак има историја на агресивност и програма за развивање на оружје за масовно уништување. Во 1991-та година, како услов за запирање на војната во Персискиот Залив, режимот на Садам Хусеин требаше да се разоружа и да престане да ги поддржува терористичките групи. ОН изгласаа резолуции што налагаа Садам Хусеин да го уништи неговото хемиско и биолошко оружје, балистичките ракети, како и да престане да работи на неговите нуклеарни програми за оружје.

Ирачкиот режим на Садам Хусеин ги прекрши сите обврски. Тој понуди засолниште и поддршка на терористите и практикува терор врз ирачкиот народ. Ирачкото курдско малцинство беше нападнато со хемиско оружје. Целиот свет е сведок, вели претседателот Џорџ В. Буш, на ирачкото 11-годишно одбивање да соработува, на ирачкото мамење и лоши намери.

САД сакаат Советот за безбедност на ОН, како што има изјавено американскиот државен секретар Колин Пауел, да донесе строга резолуција со која инспекторите за оружје ќе се вратат во Ирак со најостри стандарди за да видат дали земјата е отворена за соработка. Доколку Ирак соработува, рече господинот Пауел, ако сето ова резултира со разоружување, тогаш можеме да најдеме мирно решение. Но нам ни е познато дека Ирак нема да соработува освен доколку не е присутен елемент на притисок во форма на можна употреба на воена сила, а ние сакаме да се осигураме дека ќе биде присутен токму таков притисок.

Ова е уреднички коментар што ги одразува ставовите и политиката на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619-1043

XS
SM
MD
LG