Линкови за пристапност

Конфликтот во Македонија поврзан со транс-националниот криминал - 2002-10-31


Во излагањето во центарот Вудроу Вилсон во Вашингтон, на тема: “Криминализирани конфликти: Тајната политичка економија на војна и мир на Балканот,“ г-динот Андреас подвлече дека Балканот, а особено поранешните југословенски простори подолго време претставуват транзит подрачје за дрогата која во Западна Европа влегува од Азија. Според него, во 60-тите и 70-те години, трговијата со дрога се одвивала без големо влијание врз Југославија. Тој истакна дека причината за сегашното цветање на нелегалната трговија се зачестените ситуации на поткупувања заради транзит, што станало прифатлив дел на економијата во регионот.

Што се однесува до тоа како минатогодишниот конфликт во Македонија е поврзан со транс-националниот криминал, гoсподинот Анреас кажа дека Македонија ја имала несреќата што била во средиштето на регионот каде беа воведени ембарга за време на војната во поранешна Југославиј.

“Мини-војната може да се интерпретира како борба за решавање на етнички спорови но може да се протолкува и како борба за шверцерски маршрути. Иронично, малото село Танушевци каде започна војната, историски е добро познато шверцерско место,“ вели господинот Андреас.

Тој исто така кажа дека создавањето на новите граници во рамки на поранешна Југославија само придонело за криминалните активности. Така, неразрешениот проблем со границата меѓу Македонија и делот кон Косово влијаел за разгорување на тамошната криза. Воените проблеми на Балканот се претворија во борба против криминалот, смета тој. Што се однесува до пост-воените криминални активности конкретно на ОВК, г-динот Анреас вели дека се јавиле проблеми од типот, што е со поранешните борци на ОВК кои сега бараат вработување.

Според него, постои голема веројатност дека ОВК, која е активна и на Косово и во Македонија, се уште е вмешана во криминални активности. “Постои поврзаност меѓу шверцот со дрога низ регионот, дистрибуцијата на дрога во Западна Европа од една и ОВК од друга страна. Каква точно е таа врска, колку е силна, е предмет на голема расправа. Сепак мислам дека постојат многу места што сугерираат дека врската е вистинита. Всушност, во места како Швајцарија, пазарот за хероин во голем дел контролиран од етнички-албанската дијаспора.“

Професорот Андреас тврди дека оние кои се занимаваат со шверц, не сакаат да постојат ефикасни, стабилни граници. Границите што функционираат, вели тој, не се поволни за овој вид на бизнис. Ова е особено точно кога станува збор за границата меѓу Македонија и делот кон Косово.

XS
SM
MD
LG