Линкови за пристапност

Кои се десетте главни фактори за смртноста во светот - 2002-10-31


Генералниот директор на Светската здравсвена организација, Гро Харлем Брунтланд вели дека извештајот треба, цитираме, да ја алармира глобалната здравствена заедница. На конференцијата во Лондон, доктор Брунтланд ги наведе 10-те водечки причинители на смртност во светот: “Детската и мајчина неухранетост, несоодветната сексуална заштита, високиот крвен притисок, тутунот, алкохолот, нечистата вода, несанитарните и нехигиенски услови, високиот холестерол, внатрешната загаденост со цврсти горива, недостаток на железо, и гојазноста“, вели господинот Брутланд. Светската здравствена организација наведува дека од 56-те милиони смртни случаи годишно, над 22 милиони се резултат на 10-те водечки причинители. Доктор Брунтланд смета дека светот се соочува со криза во која некои имаат премногу, а некои премалку, но и во обата случаја, жртва е јавното здравје. Епидемијата на СИДА, вели доктор Брунтланд, најдобро илустрира како првите десет причинители се одразуваат на животниот век на луѓето. Поради СИДА-та, просечниот животен век во Африка во областите под Сахара сега е 47 години. Да не беше СИДА-та, тој век ќе беше 62 години. 95 проценти од инфекциите со СИДА во Африка во 2001-ва година се последица на несодветна сексуална заштита. Според извештајот, доколку главните 10 здравствени ризици се намалат за една четвртина, за една деценија, животниот век во развиените земји би се продолжил за 10, а во земјите во развој за 5 години.

XS
SM
MD
LG