Линкови за пристапност

Реформи на американскиот изборен систем - 2002-10-29


Претседателските избори во 2000 година ќе бидат запаметени по конфузијата со гласачките ливчиња која владееше со недели, по случките со нејасните гласачки ливчиња, пребројувањето и законската акција што отиде дури до Врховниот суд. Како последица на тоа, беше составена комисија на која и беше дадена задача да предложи пакет-реформи. И сега, најголем дел од нивните препораки станаа закон. Тие се однесуваат на основата на гласачкиот процес: подобрување на процедурата за регистрација на гласачите, подобра опрема, приод до гласачките места за хендикепираните, едукација на гласачите како и дополнителна обука на вработените за изборите. Претседателот Буш го стави својот потпис на законот во присуство на законодавци од обете поголеми политички партии кои го направија нацртот на неопходната легислатива. “Кога ќе нараснат проблемите во администрирањето на изборите, ние имаме одговорност да ги поправиме, “ изјави претседателот Буш. Според легислативата официјално именувана како Акт за помош на Америка во гласањето, државите ќе добијат речиси четири милијарди долари федерални пари во текот на три година за промена на застарените гласачки системи и за обезбедување на соодветна обука. Претседателот Буш забележа дека водењето на изборите се државна и локална функција, гарантирањето на чесноста на гласањето во земјата е федерална обврска. “Секој регистриран гласач заслужува да има доверба дека системот е фер и изборите се чесни, дека секој глас е регистриран и дека правилата доследно се применуваат“, рече американскиот претседател. Промените нема да влезат во сила навреме за изборите закажани во вторник на кои ќе се реши составот на Конгресот, како и составот на државните и локални тела на власта. Сите унапредувања ќе бидат во примена низ целата земја до 2006 година. (signed)

XS
SM
MD
LG