Линкови за пристапност

Продолжува заложничката драма во Москва - 2002-10-25


Руската телевизија го покажа излегувањето на децата од театарот. Тие носеа зимски палта и изгледаа дека се во добра состојба.

Сергеј Игначенко, портпаролот на руската федерална служба за безбедност во изјава за руската телевизија РТР кажа дека не може да даде никакви детали за тоа зошто децата се ослободени и рече дека властите се обидуваат да преговараат за ослободување и на други деца.

Утрово беше јавено дека сепаратистите ќе ги ослободат, сите, како што се проценува, 75 странци во зградата, но досега тоа не се случило.

Чеченските бунтовници упаднаа во московскиот театар во средата вечер, пукајќи во воздух и барајќи независност на Чеченија. Руските трупи и чеченските бунтовници веќе три години се борат за контрола на оваа област.

Не се знае точната бројка на заложниците, но се претпоставува дека се меѓу 500 и 800 лица. Чеченските сепаратисти убија една жена на првиот ден од заложничката драма. Не е познато кога починала жената, но нејзиното тело вчера беше изнесено од зградата.

Рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата кажа дека гарантирањето на безбедноста на заложниците е од најголема важност. Поради настаните господинот Путин ја откажа посетата на Мексико, планирна за викендов, каде требаше да се сретне со претседателот Буш и каде се организира годишниот азиско-пацифички самит.

XS
SM
MD
LG