Линкови за пристапност

Нова студија на Институтот за меѓународна економија од Вашингтон - 2002-10-18


Автор на студијата е Сурџит Бала кој раководи со индискиот Институт за истражување на инвестициите и економијата. Неговите главни заклучоци се дека од 1980 до 2000-та година, сиромашните земји се развивале побрзо во споредба со богатите.

Гај Феферман, шеф на Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка, се согласува со наоѓањата на студијата и подвлекува дека до истите заклучоци дошле и луѓето од Светската банка. Г-динот Феферман вели дека глобалната сиромаштија е намалена поради тоа што на двете најнаселени земји во светот им оди особено добро.

„Главната причина за падот на сиромаштијата е што Кина и Индија имаа најбрз економски пораст во последните 20 години. Дури и Индија забележа растеж меѓу пет и шест проценти годишно. Стотици милиони луѓе сега се излезени од сиромаштијата“, вели господинот Феферман.

Сепак токму поради големината на Кина и Индија, сликата во целост е донекаде поинаква. На пример, стапката на сиромаштија не се намалува ниту во Африка ниту во Латинска Америка. Господинот Феферман вели дека во поголем дел од земјите од овој дел на свеот, сиромаштијата не се намалува.

„Континентот каде ништо од ова не се случува е Африка. Во Латинска Америка имаше некаков напредок, но релативно скромен. Но, кога гледате во глобални рамки, со оглед на тоа колку милијарди луѓе живеат под одредено ниво, има вистински прогрес, поголем од кога и да е досега, истакна господинот Феферман.

Токму ова е и заклучокот на Сурџит Бала. Индискиот истражувач тврди дека од глобализацијата најмногу имаат од корист најсиромашните луѓе од земјите во развој. Господинот Фефермен од Меѓународната финансиска корпорација има сличен став. Сиромаштијата е намалена најмногу во земјите кои промовираат мали бизниси и конкурентност, кои имаат ефикасни влади со здрава буџетска политика и кои активно и се борат против корупцијата. Според господинот Феферман, привантното претприемаштво е движечката сила на економскиот развој.

XS
SM
MD
LG